Одлична комбинација – пица со туна.
СОСТОЈКИ:
тесто за пица
300 мл слатка павлака
100 гр сирење Ајдамер
3 лажици сок од лимон
1 лажица зачин
бибер
250 гр Тимко туна
100 гр кромид
50 гр црни маслинки
1 лажица сечкан магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Слатката павлака зовријте ја, додајте рендано сирење, зачин, бибер и сок од лимон, па гответе на слаб оган 1-2 минути, а потоа малку изладете.
Развлечете го тестото и ставете го на намастен лим.
По тестото распоредете го подготвениот сос, ставете туна, кромид сечкан на кругови и маслинки.
Пицата печете ја во печка загреана на 220 стпени 15 минути.
Печената пица посипете ја со магдонос.
Извор: Готви.мк