Ориз со мелено месо запечен во рерна
СОСТОЈКИ:
250 гр мелено месо
1 главица кромид
2 моркови
1 мала шолја ориз
1/2 тиквица
2 јајца
200 гр кисела павлака
бибер
сув зачин
малку лук во гранули
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пропржете сечкан кромид на масло, додајте морков и тиквица кои сте ги исечкале на коцки, зачин, мелено месо и тоа малку издинстајте го. Потоа додајте измиен ориз и налијте вода, па гответе на тивок оган водата да зоврие. Тргнете од оган и малку изладете.
Во чинија скршете јајца, додајте павлака, па измешајте. Ставете зготвен ориз и измешајте. Префрлете во намастена тепсија, изедначете, изрендајте малку кашкавал. Печете во рерна 40 минути на 210 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Извор:Готви.мк