Маленко „Во Охрид на викенд, одмор, исклучиво со негативен корона тест не постар од 72 часа“

Поранешниот пливач Александар Маленко, ги користи социјалните мрежи за „дискусија, коментари и предлози“ околу актуелни теми за својот роден град Охрид.

Вчера и денес имаше големи полемики на социјалните мрежи околу тоа дали жителите на Скопје требаше масовно да одат во Охрид, но и во други места низ државата и со тоа можеби да придонесат за ширење на вирусот и онаму каде што во моментов го нема.

Еве што денес напиша Александар МАленко на актуелната тема:

„Колку е политика длабоко навлезена во секоја пора од нашево општество доволно говори факт што Градоначалник на Охрид не најде за сходно да излезе навремено (Среда, ден пред да се соопштат мерки од Влада и Портпарол Вилипче) на прес конференција во заштита на свои сограѓани, совесни граѓани и соопшти :

Секој е добредојден во Охрид на викенд, одмор, исклучиво со негативен корона тест

не постар од 72ч.

Дезинфекција 10 еуро за секој автомобил, како и 5 еуро туристичка такса по лице.

И да, ќе беше нападнат од разно разни куртон новинарчиња, партиски портали и медиуми, ама со одговор од две реченици ќе им затнеш муцки напучени полни само со рекла казала.

Затоа што се грижам за здравје на свои сограѓани во време на светска пандемија-COVID 19, и имам потполно право да донесувам одлуки од локален карактер.

Затоа што сопственици на викенд куќи и станови не плаќаат ѓубретарина,комуналии и вода (исклучок 2% совесни граѓани)

Затоа што надвор од МКД ѓи плаќате сите нови туристички такси воведени секое лето, па така ќе мора и дома совесно да постапувате.

Ама Ти Градоначалник не можеш ова да го направиш затоа што си само обична восочна фигура, партиски полтрон и немаш свое Јас!“

Коментари

Популарно