Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

Љупчо Николовски ми стана брат откако ја спаси сестра ми и нашата цела фамилија!

На 14 февруари пред две години и се јавив на мајка ми да и честитам роденден. Секогаш била весела на тој ден, но тогаш беше различна. Ја прашав што се случува и ми кажа. Кај сестра ми се појави нешто на седалната коска, циста или нешто слично. И започна голготата…

Доктор Самарџиски одлучи дека мора да направиме детални испитувања. Најлошото ни се оствари. Една во милион шанси имаше да биде тумор сместен помеѓу нерви и капилари, а кај сестра ми беше токму тоа. Една во милион е за многу убави работи, но една во милион беше и за ова. Ни се скриши срцето на сите.

Кога дознав бев во Шведска и веднаш фатив лет за Македонија. Сестра ми беше во болница поради хируршки зафат за отворената биопсија.

Ме пречекаа двете внучиња, 4 и 2 годинки. Кај е мама, кога ќе дојде мама само тоа прашуваа мили срциња… Знаеја дека нешто лошо се случува.

Светот ни се сврте наопаку во секој поглед. Др. Самарџиски отворено ни кажа дека за жал за тој вид тумор кај нас нема спас. Премногу е редок и нема кој да го отстрани. Спасот е можен ако се оди во Виена кај проф. др. Рајнер Коц. Ни кажа да почнеме да правиме планови зошто ќе кошта стотици илјади евра кои за жал ги немаме. Со наведнати глави и мрак на душата излеговме од болницата.

Вечерта се вратив во Паланка и не ме фаќаше сон. Мислев дека губам дел од мене. Буквално како гром од ведро небо ми текна да му се јавам на мојот брат, не знам како да го наречам овој човек со големо срце, Љупчо Николовски. Си реков ќе му напишам порака на фб дека имам голема мака. Му напишав ноќта на полноќ.

Уште во 6 сабајлето ми беше вратено – еве ти број брат, побарај ме.

Го побарав и му кажав сè. Тој по 5 минути ми се јави и ме праша дали можам да дојдам во Скопје да се видам со него. Мислев дека сака во лице да ми каже дека треба да се збогуваме од сестра ми.

Ми кажа дека е сериозно и дека мора веднаш да се реагира во странство. Јас му кажав дека имам мајка и татко што се дома поклопени на маса и скршени од болка и мака. Јас сум сам му реков. Ќе дадам се од себе да ја спасиме сестра ми која има само 34 години и две дечиња. Тогаш Љупчо ме прегрна и ми рече не си сам ме имаш мене како брат. Ќе направиме сè што можеме да ја спасиме. Оди дома крени ги главите на родителите, нека веруваат во Бог и се ќе биде во ред!

Набргу дојде и министерот Венко кој го виде наодот од биопсијата и самиот рече дека ова е само за во Виена кај др. Коц. Најдовме контакт. Контакт ни беше докторктата Софија Пејкова и нејзиниот сопруг кои резервираа термин кај др. Коц за 7 дена. Не можеше ни на сон за побрзо време од тоа.

Во рок од 5 дена со Љупчо ги собравме сите потребни документи и со сестра ми отидовме во Виена кај што операцијата траеше 8 и пол часа! Успешна!

Му се заблагодарувам на Господ Бог што ме упати кај вистинскиот човек со срце како планина и човек за кој на секој Бадник мајка ми крши лепче како на секој во нашата фамилија,и на кој на Бадник оваа година паричката се падна кај него на нашиот херој #Љупче (Божја сила и порака каков човек имаме покрај нас) Немам зборови како да му се заблагодарам на Љупчо Николовски. Благодарам и на Венко Филипче и фамилијата Пејкови кои ни помогнаа со стапувањето во контакт со Др. Рајнер Коц. Љупчо засекогаш ќе биде дел од нашата фамилија и ќе му бидеме благодарни цел живот поради тоа што го направи. Сестра ми сега живее нормално заради тоа што Љупчо е човек! #БлагодарамЉупчо

Извор: https://gragjanskizbor.mk/

Коментари

Популарно