Анабела се расплака, па му пријде на Слоба

Синоќа се одржа забава во „Задруза 3“ каде еден од пејачите беше Слоба Радановиќ, а Анабела Атијас не се воздржа, па во еден момент таа му пријде.

Во еден момент, Анабела плачеше на забавата, а потоа му се приближи на Радановиќ, кој имаше бурна врска со нејзината ќерка Луна во „Задруза 1“.

„Имам потреба да ти се извинам Слобо“, рече Анабела додека ги бришеше солзите.

Слоба беше во шок, а Атијасова набргу истрча надвор и им објасни на Тара Симов и Јелена Пешиќ зошто тоа го стори.

– Само сакав да се извинам. Знам дека тогаш, кога ги бранев, мислев дека е најправилно нешто што гоправам, да ги штитам своите деца, затоа што тој во тоа време беше и мое дете. Му реков да ја пушти да си оди кога се правдаше од Луна кога влезе во „Задруга 2“, да не каже ништо ако нема ништо убаво да каже. Мислам дека не можеше да се снајде меѓу двете жени што ги сакаше – рече Анабела.

„Тој е навистина добро момче“, рече Јелена. „Јас сум мирна“, додаде Атијас.

Да потсетиме, пред три години, во „Задруза 1“, Слоба Радановиќ ја изневерии својата тогашна сопруга Кија Коцкар со Луна Џогани. После девет бурни месеци, Луна и Слоба ја прекинаа врската пред крајот на реалното шоу, а Кија и Слоба тогаш и официјално се разведоа.

Коментари

Популарно