БУЈАР ОСМАНИ БАРА ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ - да се сруши дуополот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот Бујар Османи бара поддршка и од Македонците во земјава, за да се избере првиот премиер Албанец, и, како што вели, сите заедно да го срушат дуополот кој го направиле СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Мери, Марија, Благојчо, Златко, Јасмина, Сеад, Зејнел - во подршка на првиот Премиер Албанец. Албанците бараат мандат за да ја водат владата и да го срушат дуополот на ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ, кои 30 години ја имаат присвоено државата. И во тоа добиваме подршка од сите заедници“, пишува Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Кандидат за премиер Албанец од редовите на ДУИ, како што е познато, е поранешниот пратеник и аналитичар, а сега адвокат, Насер Зибери.

Коментари

Популарно