Научете како се подготвува пилешко франчезе

Подгответе го ова вкусно јадење и уживајте!

СОСТОЈКИ:

2 јајца

сол

бибер

50 гр пармезан

магдонос

пилешки гради

маслиново масло

путер

70 гр брашно

1 чаша бело вино

100 мл бујон

2 чешниња лук

сок од половина лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте јајца, сол, бибер и пармезан, па додајте магдонос и измешајте.

Пилешкото бело месо пресечете го на половина но не до крај (како што е прикажано во видеото). Извалкајте го во брашно, па во смеса со јајца и пржете во маслиново масло и путер додека не биде готово, потоа ставете го на чинија.

Додајте во тавата бело вино, бујон, лук, сок од лимон, путер и магдонос. Пригответе го сосот, па вратете го месото во него.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“

Коментари

Популарно