Пензионерите и корисниците на социјална помош - да не бараат одјава, туку да одат во банката преку која сакаат да им стигаат парите

Ве известуваме дека пензионерите и корисниците на парична помош од социјална и детска заштита коишто приливите ги остварувале преку трансакциска сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје, не треба да бараат одјава, соопшти Народната банка.

Пензионерите / корисниците, треба да се обратат во банката преку којашто би сакале понатаму да ги остваруваат приливите.

Ова вчера го соопштија и од Фондот за пензиско, и од Министерството за труд.

Коментари

Популарно