Запечено пилешко полнето со спанаќ во сос од павлака

Предлог за вкусен ручек…

СОСТОЈКИ:

пилешко бело месо во филети

пире од спанаќ

горгонзола сирење

сенф

свеж рузмарин

сол

бибер

лук во гранули

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

3 јајца

200 гр кисела павлака

50 мл павлака за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешкото убаво зачинете го. Во сенфот додајте свеж рузмарин. Премачкајте преку пилешкото, потоа доадајте пире од спанаќ и горгонзола. Свиткајте во ролни. Преливот разматете го и ставете преку пилешкото. Печете на 200 степени 25-30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Коментари

Популарно