Таа беше зависник од по*но филмови

Имав само 10 години, но не можев да престанам да гледам порно филмови, вели Кортни

Кортни Даниела Боатенг (23) за „Сан“ го раскажала својот проблем со зависноста од порнографија.

Сè започна кога Кортни била во основно училиште. Децата на час зборуваа за сексот, што и даде инспирација да бара снимки за секс на Интернет . Таа вели дека се надевала дека ќе најде објаснување,  за сексот.

- Беше премногу лесно да се притисне копчето што требаше да потврди дека имам 18 години - вели таа.

Нејзините родители, исто така, не поставиле заштита на децата на компјутерот.

- Видеото ме шокираше, тоа беше нешто што никогаш претходно го немав видено, а наскоро сакав да видам повеќе. Неколку пати месечно, кога моите родители не беа дома, сурфав на порно-страница - рекла Британката.

Кортни научи како да ги избрише историјата на пребарување. Во најголем дел, вели таа, избирала видеа што биле полни со романтични сцени. Кога наполнила 15 години, започнала да мастурбира за прв пат, а наскоро и секој слободен момент го користела токму за тоа.

Со своите врсници разговарала за секс и мастурбација, но не се осмелувала да признае колку често го правела тоа. Со текот на времето, таа „добила“ проблем со менталното здравје - станала вознемирена.

- Им реков на моите родители дека имам проблем со вознемиреност и дека имам напади на паника. Ме однесоа на лекар, но тие ме советуваа да вежбам, многу физичка активност, а тоа требаше да ми помогне ... но не. Се чувствував како да се гушам. И тогаш се обидов да се убијам со парацетамол, предозирање. Се заклучив во бањата, но тие ме најдоа и ме однесоа во Ургентниот центар - раскажува Кортни.

Последиците од зависноста од порнографија ги забележала за време на нејзината прва врска со нејзиното момче, кога наполнила 18 години.

- Сексот не ги исполни моите реални очекувања. Беше непријатно, хаотично и досадно. Немаше многу страст. И, ако сексот не може да понуди задоволство како во порно филмовите, зошто да се мачам ...? “

По неколку месеци, таа раскинала со своето момче, и целосно се откажала од порнографијата, мастурбацијата и сексот . Таа мала победа над зависноста не траеше долго ... Таа на Јутјуб нашла нов лек за зависноста од порнографија, што беше нејзин вид на терапија. Таа закачи видео во кое ја сподели својата исповед со своите следбеници, а според неа, тоа најмногу и помогнало, бидејќи виде дека не е сама, и единствената со тој проблем.

- Над 800.000 луѓе го погледнаа моето видео, а нивните реакции беа неверојатни. Безброј луѓе се чувствуваа како мене - вели таа.

Кога Кортни прочита што се случува со жените во порно индустријата, кога дозна за експлоатацијата на жени во порно филмовите, сите порно филмови станаа одбивни за неа.

- Сега веќе не гледам порно филмови, ниту повеќе ми недостигаат. Сега чекам вистински дечко да ми покаже што е здрава љубов и здрава врска помеѓу маж и жена - заклучува Кортни.

Коментари

Популарно