Дали ќе се одржи Евровизија следната година?

Следната година, на 22 мај, во Ахој Арената во Ротердам, ќе добиеме нов победник на Евровизија, а како ќе се одржи натпреварот ќе зависи од здравствената состојба во светот.

Евровизија ќе се одржи следната година и покрај сè, а Холанѓаните конечно ќе добијат можност да се покажат како домаќини, после 41. година. Натпреварот ќе се одржи во Ротердам на Ахој Арената, додека слоганот „Отвори се“ останува ист како и оваа година, според медиумите.

Наводно, има четири сценарија според кои ќе се одржи Евровизија.

Нормално натпреварување на Евровизија – во случај здравствената состојба во Европа да биде под контрола.

Во врска со ова, сè ќе се одвива како и досега, со девет дена настапи, вклучително и проби во костуми, каде што ќе бидат присутни сите членови на делегациите, како и публиката во арената и новинарите. Оваа верзија веројатно ќе зависи и од достапноста на вакцината против ковид и тестирањето за вируси.

Социјално растојание – сите учесници на натпреварот ќе треба да почитуваат социјално растојание од 1,5 метри во текот на целото времетраење на настанот. И во тој случај, следуваат девет дена, но со намален капацитет на публика во арената, која исто така ќе мора да ги почитува мерките за социјална дистанца. Ќе се намалат и тимовите во делегациите, како и бројот на присутни новинари.

Ограничување на патувањето – и во овој случај ќе се практикува социјално растојание, како во второто сценарио. Исто така, доколку се случи делегација да не може да патува во Ротердам поради состојбата во нивната земја, нивните претставници ќе ја изведат песната од нивната земја, додека сите други ќе настапат во живо од Ахој Арената.

„Локдаун Евросонг“ или „Карантин Евровизија“ – Ако ситуацијата во Холандија повторно бара карантински мерки, Евровизија ќе се одржи повторно, но без публика и без активности во Ротердам. Сите настапи на учесниците ќе бидат пренесувани во Ахој Арената директно од земјите учеснички.

Конечната одлука за тоа како ќе го гледаме Евровизија следната година ќе биде донесена врз основа на ситуацијата во која се наоѓа планетата во првите месеци од следната година.

Екран.мк

Коментари

Популарно