(Фото) Џенифер Лопез во невообичаено издание

Пејачката и актерка е позната по тоа што секогаш се истакнува со својот стил, а сега одбра необична комбинација за да оди на шопинг.

Џенифер Лопез е позната по своите варијанти на облека кои ја истакнуваат нејзината беспрекорна фигура. Без разлика дали се комбинации што откриваат или покриваат, тие се главно тесни и прават сите погледи да бидат насочени кон неа.

Сепак, скоро секој пат кога папараците ја забележаа за време на купувањето, Џенифер носи многу удобна облека, и така беше и овој пат, но дури и поинтересна од вообичаеното!

Латино дивата, придружувана од нејзината ќерка Ема, синот Макс и Наташа и Ела, ќерката на нејзиниот свршеник Алекс Родригез, го посети Родео Драјв, улица во Беверли Хилс позната по продавниците на најлуксузните брендови. За оваа пригода избра темно кафеави риги во панталони и бела кошула - обете парчиња беа преголеми, додека високите потпетици ги замени со удобни кафеави оксфорд чевли кои изгледаат како да се извадени од некој машки плакар! На тоа додадете кафена чанта, тркалезни очила за сонце, инаку нејзиниот омилен додаток, и високо врзана коса и имате незаборавен стил.

Коментари

Популарно