(Фото) Сите се прашуваат на кого ќе личи детето, а вака Луна изгледаше на неколку месеци

Луна Џогани и нејзиниот вереник Марко Миљковиќ го чекаат првото дете, а Џогани сега се пофали со стара фотографија на која имала само неколку месеци.

Џогани на својот профил на Инстаграм објави спомени од детството, кога била бебе и имала неколку месеци. На прв поглед многумина не ја препознаа, а потоа таа кажа дека сака нејзиното дете да личи на Марко.

„Јас би сакала детето да биде како Марко, но да ги има моите очи. Сметам дека имам најубави очи во светот, па тоа му го посакувам и на своето дете“, вели таа. А во продолжение може да се погледне фотографијата од тоа кога Луна имала неколку месеци.

Коментари

Популарно