(Фото) По Дуа Липа уште една пејачка со албанско потекло си го „присвои“ ајварот

По пејачката Дуа Липа, американската пејачка Бебе Рекса, која има албанско потекло кажа деја ајварот била „албанска храна“.

Таа објави снимка во која се гледа како јаде ајвар и вели дека тоа е албанско јадење кое сите го сакаат и дека оди добро со јајца.

Пред Бебе Рекса, Дуа во емисијата на Шон Еванс кажа дека „ајварот е албански деликатес кој секој мора да го проба во животот“.

Меѓутоа, додека зборуваше за неговата подготовка во позадина се појави слика од ајвар. Погледнете во продолжение.

Коментари

Популарно