Д-р Караџовски: Ако орате со трактор не мора да носите маска, немојте толку буквалистички

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за состојбата со Ковид-19 и за новите мерки за спречување на ширење на вирусот кои ги донесе Собранието.

„Ме прашаа неколку пати денеска и вчера да ги елаборирам мерките посебно. Некои колеги и новинари најчесто, малку буквалистички ја сфатија пораката дека ако некој ора со трактор, реплицирам на зборувањето на еден колега, на ливада или на нива и во тракторот внатре е сам, на 500 метри лево и десно од него, дали мора да носи заштитна маска? Па не мора. Па немојте толку буквалистички. Меѓутоа, 10 пати ве слушам и вас а и себе си кажувам. Дали во ТЦ Бисер кај што јас живеам, кадешто кога одам на пазар се разминувам со стотици луѓе, дали е потребна маска? Па потребна е. Зборувавме за тоа дека еден облак од причинители на заразни заболувања, што бактерски, што вируси, се разминуваат со мене и со сите вас кога лицата не носат маска. Киваат, кашлаат, зборуваат или било што прават и ние поминуваме низ тој облак. Хипотетички на отворено дел од тие заразни заболувања не се пренесуваат, меѓутоа дали цела Европа греши што во сите развиени држави имаат наредба за носење на маски“ запраша Караџовски.

Коментари

Популарно