Хит видео: Велешанец избегна казна за не носење маска бидејќи “џогира”

Од четвртокот, во сила стапи мерката за задолжително носење на заштитна маска и на отворен простор, а исклучок се прави само за оние кои спортуваат, па на социјалните мрежи почна кружи видео на кое се гледа дека при контрола поради неносење на маска во близина на брзата помош во Велес на двајца минувачи кои не ја почитуваат мерката едниот од нив помина неказнето бидејќи е во „споортска опрема“ и излегол да „џогира“.

Иновативниот начин очигледно му успеа да помине неказнето.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

Инаку ваков пример уште пред неколку недели видовме и во соседните земји, каде исто така на камера беше фатен „спортист“ кој со трчање помина 100тина метри само поради полицајците кои стоеја и пишуваа казни, за подоцна да си продолжи по својот пат како ништо да не се случило.

Видеото можете да го погледнете со клил ТУКА.

Коментари

Популарно