(Фото) Елена Петреска: „Ја видов реалната слика за тоа што значи оваа пандемија“

Поради вирусот Ковид 19, кој ја стресе целата земја, многу од пејачите немаат никакви работни ангажмани,а времето го користат за создавање убави моменти со своите семејства.

Она што сите го знаеме е дека вирусот предизвикува и тешка клиничка слика, па дури и смрт. Симптомите се кашлање, губење на чувството за мирис и вкус, висока температура и воспаление на белите дробови. Луѓето со потешка клиничка слика завршуваат во болница. Таков случај била и македонската пејачка Еелена Петреска која на својот Фејсбук профил објави дека 14 дена лежела на инфективната клиника во Скопје.

„„Конечно дома по 14 дена на инфективна поради Ковид-19. Благодарам на Бога што се добро спомна!  Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце му се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Клиниката за инфективни болести, тие се мои херои за кои имам многу да раскажам, бидејќи ако ништо друго, барем тоа им го должам, да знаат сите тоа значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња!  Сакам да ви кажам дека ја видов реалната слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост  ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно“ – напиша Елена во пораката по враќањето дома на својот Фејсбук профил.

Коментари

Популарно