Денес се регистрирани 316 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 164 

-Прилеп 34 

-Куманово 16 

-Кавадарци и Неготино по 13 

-Тетово 12 

-Гостивар 10 

-Охрид 9 

-Велес 8

-Гевгелија 7 

-Штип 6

-Струмица, Струга и Кочани по 5 

-Виница и Богданци по 2 

-Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш по 1

Починати се 11 лица, по 4 пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 681 оздравени пациенти од:

-Скопје 271 

-Кавадарци 85 

-Прилеп 42 

-Охрид 31 

-Неготино 28

-Тетово 24 

-Куманово 23 

-Велес 22 

-Струмица 18 

-Делчево 17 

-Гевгелија 14 

-Штип 13 

-Валандово 12 

-Крива Паланка 11 

-Струга, Гостивар и Битола по 10

-Богданци 7 

-Кичево 5

-Крушево и Свети Николе по 4 

-Радовиш и Кратово по 3

-Дебар, Берово и Кочани по 2 

-Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.

Коментари

Популарно