Денес се регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид 19 во:

-Скопје 15 

-Куманово 4 

-Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница по 1

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61г,65г,71г,74г,76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).

Регистрирани се 408 оздравени пациенти од:

-Скопје 160 

-Прилеп 38 

-Струмица 30 

-Битола 28 

-Охрид 25 

-Куманово 15 

-Штип и Струга по 13 

-Велес, Кавадарци и Кочани по 9 

-Свети Николе 8 

-Виница 6

-Гевгелија и Неготино по 5 

-Тетово, Гостивар и Дојран по 4 

-Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 3 

-Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево по 2 

-Радовиш, Делчево и Демир Хисар по 1

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.

Коментари

Популарно