Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Коментари

Популарно