Џејми Фокс мета на расистички напад во Дубровник

Холивудскиот актер Џејми Фокс вели дека во 2017 година доживеал расистички напад во Дубровник кога двајца пијани мажи го навредувале во еден ресторан. Оваа објава на Фокс доаѓа откако актерката Габриела Унион се пожали дека доживеала застрашувачки расистички инцидент во истиот град.

Изјава која го натера и градоначалникот Мато Франковиќ да испрати отворено писмо, посочувајќи го како „изолиран инцидент“.

Јејми за инциденто извести преку ИнстаСтори, а светските медиуми веднаш ја објавија веста.

-Пијани дојдоа до нашата маса и не нападнаа, Хрвати. „Motherfucker, Nigger“ – ни кажаа, опиша Јејми.

Коментари

Популарно