Шилегов: Првата од трите галии во Вардар заминува во историјата

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави на својата Фејсбук страница дека е започнато уривањето на едната од трите галии на реката Вардар.

– Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата !!! Скопје, една поинаква приказна!, напиша Шилегов.

По објавата на Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагира дека уривањето на галиите е предизборен маркетинг на градоначалникот.

– Рушењето на Галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Популарно