(Фото) Сузана Гавазова готвеше заедно со ќерките, покажа што вкусно им припреми

Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова е вистински доказ дека една жена може да има успешна кариера, а подеднакво да биде добра домаќинка, сопруга и мајка.

Таа на својот Инстаграм профил сподели видеа на кои покажа дека лично готви здрава и вкусна храна за своето семејство.

Најпрво заедно со своите преслатки ќерки правеше палачинки.

Потоа се пофали дека како вистинска македонска домачинка умее да направи и вкусна компир манџа со месо.

Храната на видеата изгледаше примамливо и вкусно и сигурни сме дека целото семејство уживало во ручекот.

Коментари

Популарно