Том Круз раскина со својата колешка по една година врска

59-годишниот актер Том Круз и неговата колешка, британската актерка Хејли Атвел, раскинале по една година врска, пишува „The Sun“.

Се чинеше дека нивната врска ветува – тие беа видени на Вимблдон, се појавуваа заедно во јавноста, но сепак очигледно решиле да бидат само пријатели.

„Одлично се согласуваа, но како што се наближуваше крајот на снимањето на седмото продолжение на „Mission Impossible“, сепак решија да бидат само пријатели“, открил извор близок до парот за „The Sun“.

Изворот истакнал и дека тие и „понатаму се среќни што заедно работат на снимањето на филмот“.

Исто така, снимањето во повеќе наврати беше прекинато поради карантинот, а извори блиски до магазинот тврдат дека „Том останал подолго од предвиденото во Велика Британија за да биде поблиску до Хејли“.

За потсетување, Круз и Атвел заедно го снимаат “Mission: Impossible 7“ и оттогаш се постојана мета на папараците и медиумите, а „Fox“ известуваше дека се „неразделни уште од првиот ден на снимањето“.

Коментари

Популарно