Времето денеска ќе биде облачно со повремено засилен ветер

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер, попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.

Минималната температура е во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Коментари

Популарно