Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Денеска се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови според најавите од УХМР, следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Коментари

Популарно