Скопјанец нападнал малолтеничка и ѝ го одзел телефонот

На 02.07.2022 во 18.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Скопје.

Тој, околу 18.00 часот на ул.„Жан Жорес“ физички нападнал малолетничка и ѝ одзел мобилен телефон.

А.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

Популарно