Почина малиот Арчи, симбол на борбата за живот

Арчи Батерсби, кој претрпе „погубно“ оштетување на мозокот, почина откако беше исклучен од апаратот за одржување во живот.

Неговата мајка Холи Денс стоеше пред болницата и рече дека е „најгордата мајка на светот“.

Таа рече дека Арчи беше„толку убаво момче и се бореше до самиот крај“.

- Толку сум горда што сум негова мајка - додаде таа.

Починал во 12:15 часот, изјави мајката на момчето.

12-годишното момче беше во кома откако неговата мајка го пронашла во несвест во нивниот дом во Есекс во април.

Лекарите кои го лекувале во болницата во Кралската болница во Лондон верувале дека кај момчето е настаната мозочна смрт и дека продолжувањето на одржувањето во живот не е во негов најдобар интерес.

Раководството на болницата тврдеше дека состојбата на Арчи е премногу нестабилна за трансфер и дека неговото преместување со брза помош во друга средина најверојатно ќе го забрза влошувањето што семејството сакаше да го избегне.

- Ова може да се случи дури и со целосна опрема за интензивна нега и персонал на пат - изјавија тие.

Родителите на момчето се бореа против одлуката на болницата да го симнат од машината, покренувајќи бројни правни предизвици за да му обезбедат постојана животна поддршка на нивниот син.

Тие инсистираа да не биде симнат од апарати за одржување во живот, велејќи дека срцето на момчето сè уште чука и дека ја држел мајка си за рака.

Родителите во вторникот ја загубија битката во Врховниот суд за продолжување на лекувањето.

Инаку неговата мајка верува дека сето ова се случило пради опасен „Тик Ток“ предизвик кој води до недостаток на кислород во мозокот, а кој Арчи го извел додека бил сам дома.

Коментари

Популарно