Длабинско чистење со само една состојка од вашата кујна – ќе блескаат и нема да задржуваат прашина

Времето е убаво, а сега е време да ја исчистите терасата за да блесне, особено ако пиете кафе или на неа пружате алишта.

Отворените тераси ќе акумулираат многу нечистотија во текот на зимата поради врнежите, ветерот и прашината, а експертите за чистење советуваат да се чистат длабоко кога времето ќе стане убаво. Се што ви треба е една работа од кујната!

Плочките обично се чистат со детергент, т.е. средство за миење плочки и можете да го истурите во кофа и одвреме-навреме да ги исчистите плочките. Но, длабокото чистење се прави поинаку!

Земете една кофа, наполнете ја со околу 5-6 литри вода, додадете 60 милилитри бел оцет и со тој раствор добро истријте ги плочките со помош на џогер. Потоа истурете ја водата и исплакнете ја кофата, потоа наполнете ја со чиста вода и уште еднаш поминете преку плочките. Доколку е потребно, можете да ги исушите и со сува крпа.

Коментари

Популарно