ФОТО: Вака изгледала Маја Беровиќ пред пластичните операции

Естетските операции одамна се вообичани за повеќето пејачки на балканската естрада. Посебно понежниот пол во музчкиот бизнис, вложуваат пари за да изгледаат фантастично. На дел од нив им требаат само мали корекции, а другите се решаваат за целосна промена на личниот опис. Една од вториве е Маја Беровиќ.

Пејачкатанеодамна се породи и ги стави во мирување сите естрадни обврски, но и покрај тоа сепак важи за една од најпопуларните пејачки чии нови и стари хитови имаат милионски прегледи.

На музичката сцена се појави во 2007 година со песната „Џин и лимонада“ по која и денес е препознатлива, а иако тогаш имала само 19 години, а изгледала и мошне  поинаку, пејачката никогаш не криела дека „легнала под нож“ и коригирала неколку работи на своето лице и тело.

Маја во неколку наврати нагласи дека „пет пари не дава“ на коментарите дека е „целосно изоперирарана“, како и дека „комплетно го сменила личниот опис“.

Фотографиите на Маја од почетокот на нејзината кариера редовно кружат на социјалните мрежи, а таа неодамна се отвори за нејзината трансформација, велејќи дека ги средила носот, устата и градите, како и дека ја сменила бојата на косата и ги здебелила веѓите.

Погледнете како изгледала Маја пред естатските операции на себе, по чие појавување во јавноста поединци почнаа да коментираат: „Нема грди… Има само сиромашни“!

Коментари

Популарно