Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде исто сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

За време на викендот, утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен кон почетокот на следната седмица.

Коментари

Популарно