Видео од мајка која ја влече својата ќерка до училиште предизвика бурни реакции на интернет

Видеото кое некои луѓе ги шокирало, а на поголем дел ги насмеало прикажува една мајка која ја влече својата ќерка до училиште и тоа држејќи ја за рачките од ранецот.

„Оптимизам, се гледа“, „Некому навистина не му се оди на училиште“, „Некој навистина води инает“, „Вака и јас кога треба да одам на факултет“, „Ова се маки секое утро“, „Никогаш нема да ми биде јасно зошто родителите во училиште испраќаат пијани деца“, „Не е секој за училиште“, биле само дел од коментарите кои можеле да се прочитаат под видеото на социјалните мрежи.

Очигледно дека некои од децата баш и не сакаат да одат на училиште и дека во таа намера се навистина одлучни, па родителите бараат начини како да ги однесат.

Оваа мајка очигледно немала нерви за убедување, па одлучила да ги земе работите во свои раце – буквално.

Таа ја влечела својата ќерка до училиште, а дека не ѝ било нималку лесно се гледа „од авион“.

Родители – дали и вие некогаш сте почувствувале вакви или слични маки со своите деца?

Коментари

Популарно