Бела Хадид прогласена за славна личност која има најмногу стил

Магазинот GQ ја прогласи Бела Хадид за најстилска славна личност.

Жирито наведува дека оваа позната манекенка е „мајстор за стил“ и дека „знае совршено да ја комбинира облеката што вообичаено ја носат мажите“.

Таа учествуваше на ревии за бројни луксузни модни куќи, вклучувајќи ги Булгари, Баленсиага, Диор Версаче. Минатиот месец таа имаше импресивен „настап“ на модна ревија во Париз.

Имено, таа на модната писта се појави во гаќички, а дизајнерите пред публиката создадоа прекрасен бел фустан од брендот Копернија со помош на спреј.

За потсетување, Бела беше прогласена за најубава жена на светот во 2019 година. Нејзините пропорции на лицето од 94,35 проценти одговараат на „златниот пресек“, мерка што претставува физичко совршенство.

Сепак, титулата за најубава и ја „украла“ англиската актерка Џоди Комер. Истражувачите неодамна објавија дека нејзините очи, веѓи, нос, усни, брадата, вилицата и обликот на лицето се најблиску до идеалните мерења со резултат од 94,52 отсто.

Коментари

Популарно