Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, а наутро на места ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Коментари

Популарно