ФОТО: Се’ отиде предалеку – Хајли Бибер добива смртни закани, мораше да се огласи Селена Гомез

Хаосот на социјалните мрежи околу пејачката Селена Гомез и манекенката и сопруга на Џастин Бибер, Хајли Бибер не престанува.

Хајли морала да и се обрати на Селена за веднаш да реагира, бидејќи се отишло предалеку. Селена на социјалната мрежа Инстаграм објави дека Хајли Бибер добива смртни закани и ги повика сите да престанат.

– Хејли Бибер ме контактираше и ми кажа дека добива смртни закани, меѓу другите негативни коментари. Тоа не е моја работа. Никој не треба да помине низ тоа. Отсекогаш сум се залагала за добри односи и навистина сакам сето ова да престане, изјави таа со емотикон на срцето.

Работите излегоа од контрола откако на социјалните мрежи, особено ТикТок, постојано се објавуваат содржини кои Хајли ја посочуваат како лоша девојка која ја прозива Селена, но и ја копира.

Хајли Бибр се огласи по објавата на Селена и и се заблагодари.

-Сакам да и се заблагодарам на Селена што зборуваше за се, со оглед на тоа што двете бевме во контакт последните неколку недели за целата ситуација. Беше многу тежок период за сите вклучени во оваа ситуација, изјави Хајли.

Коментари

Популарно