Како да ги обоите велигденските јајца со природни бои

Во пресрет на големиот празник ви претставуваме неколку совети за обојување на јајцата со природни бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја: цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила: користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса.

Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

Коментари

Популарно