Едита со скандалозни обвинувања за Карлеуша: Мамо Јецо си спиела со мојот дечко!

И Едита Арадиновиќ од минатата година е на црната листа на Јелена Карлеуша, откако изјави дека не и се допаѓаат нејзините нови албуми, иако присуствувала на нивната промоција.

Карлеуша тогаш истакна дека е „разочарана“, а малку подоцна на површина исплива и нивната приватна преписка. На изненадувањата им немаше крај, па двете продолжија да се борат. 

Но, после тоа страстите меѓу поранешните добри колешки стивнаа, но за кратко. Едита сега ја шокираше јавноста кога упати скандалозни обвинувања кон ЈК.

-Си спиела со мојот дечко затоа што твојот албум не е „моја шолја чај“. За него па и да не зборувам. Тоа е лошо однесување, мама Јецо, но јас уште те поштовам затоа што не си ти крива што си таква... Двајцата одите рака под рака. напишала Едита.

Коментари

Популарно