Учениците „се варат“ во скопските училници - Родителите си ги кажаа маките од овие септемвриски денови

Бурни реакции на социјалните мрежи откако познатата инфлуенсерка Миа Костова реагаираше за неклиматизираните училници во скопски Центар.

- Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 - неклиматизиран простор. Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа. Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома па ќе се договараме за пропуштем материјал, напиша таа на својот фејсбук профил по што следеа голем број реакции од родители кои се исто така револтирани.

- Јас не сфаќам зошто нема клима во училниците ? Малиот мој во прво кога се запиша, влегоа во ганц ново школо, тогаш изградено. Клими само во канцелариите? Зошто прашав...немаше одговор. Понудив да купиме самите родители клими, но да се знае или за сите училници или да знам дека ќе учи во таа училница барем до петто, да не купуваме џабе. Ни тоа не пројде, не смеело родители да плаќаат?!? А како плаќаме за сапун, обезбедување и слично ?? И ме тешат "док стане многу топло они се на распуст" - споделува една мајка.

- Да, но како се менува климата и летото трае се подоцна, во септември ќе биде како јули. И еве го бидна, денес Скопје 35, гласи друг коментар. 

- Затоа кај нас во училиште во Центар родителите се дресирани. На почеток, во прво одделение или купуваат клима или ја чистат. Кој како ќе си ја нареди. Јас веќе две училници реновирав затоа што моите деца немаше да имаат шкафче каде да си го остават ранецот и да го оставаат на земја, за разлика од оние што платиле, се жали друга мајка за своето искуство во основно училиште во Центар. 

- Нека почнат подоцна со настава некаде после 15 септември како што е пример кај Јужниот сосед, гласи еден предлог за овој проблем на родителите. 

Коментари

Популарно