На денешен ден во 1962 година Скопје беше погодено од силна водена стихија.
Скопјани и денес со тага и болка се сеќаваат на тој ден кога поради неколкудневните дождови и пробивањето на хидроцентралата на Матка градот беше поплавен за многу кратко време, а поплавата однесе и четири човечки животи.
Иако фотографиите се црно-бели на нив може да се забележи старото Скопје под вода.
Повозрасните скопјани, кои биле деца кога се случила поплавата, се сеќаваат и велат никогаш да не се повтори.
-Беше страшно, никогаш да не се повтори ниту поплавата, ниту земјотресот, велат оние кои се сеќаваат.
- За 8 месеци Скопје беше поплавено, а потоа разрушено. Скопјани издржаа и не ја изгубија надежта. Да се памети и да не се повтори, вели еден повозрасен скопјанец.
-Ги паметам двете катастрофи, жалосно за сите скопјани, а благодарение на хуманитарната помош народот се спаси, болката за изгубените животи за жал останува..., пишува друг.
-Имав 13 години кога почна да се излева Вардар кај Опатија. Не одеше толку бргу. Ние почнавме да бегаме, си отидовме дома после училиште. За помалку од еден час водата стигна до плоштадот, се сеќава еден скопјанец.
- Да не се повтори. Леб ни дотурааа со гумени чамци.
Во Скопје најмногу настрадале подрачјата на општина Идадија, кај градскиот парк, околината на улица Илинденска, околу главната пошта и градскиот плоштад. Во градот биле загрозени куќите по должината на улица „Цветан Димов“, поради излив на реката Серава.