Мето Јовановски, неговото величество актерот, вака некогаш стоеја наслови во печатените медиуми за големиот великан на македонското глумиште. Денес величеството останува, но за жал подвлечено поради негвото заминување. Јовановски на 77 годишна возраст отпатува во вечноста и тоа во време кога возот кон другата димензија има термин за легендите.
Празниот куфер како оној на Илко од „Тетовирање“, не го понесе со себе, но и не го остави празен, туку претежок од се’ она што го направи и оствари досега. Гоемиот Мето замина на пат кон вечноста, пат без повратен билет, во еден правец. Таму нема да биде Осамениот, туку во големо друштво на генијалците од својата фела. Неговиот антентичен лик секогаш соживеан со бројните улоги кои ги имаше, како на даските што живот значат, така и на подвижните слики, никогаш нема да избледи.
Јованосвки уникатноста ја носеше во себе, толку вешто претопен на трансформациите од ликот кој му беше даден наму. Капа доле за актерот кој направи сите да сме се соживеале во некое од неговите остварувања. Лик кој ќе живее вечно, зашто нели легендите се секогаш тука!
За неговата големина, добро позната секому, потреба да октрие нешто повеќе имаше и неговиот вкук , познатиот млад актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, кој се досега никогаш не открил дека е во блиска роднинска релација со големиот Мето. Токму таков беше и тој, па никогаш не сакал да го експонира семејството, така што детали за неговото покоиление и денес се непознати за пошироката јавност.
На својот Фејсбук Кирил сега се реши да открие дека иако му бил дедо по мајка, односно нејзин чичко со кој ги носат малешевските корени на родното Панчарево, последното збогум го направи и јавно:
-Никогаш не ја искористив твојата големина и влијание во светот на филмот и театарот за да се фалам и да кажувам по луѓе дека си ми дедо за да придобијам вработување или слично. Никогаш не дојдов да барам помош да ме бутнеш у некој театар или филм . И јас како тебе сам против сите ! Збогум дедо Мето Панчаревец лесна ти земја, напиша Кирил кој најчесто го гледаме како дел од новите македонски народни приказни, како пантонимичар, а го знаеме и како музичар под уметничкото име Марлон Брандо.
Јовановски е роден во 1946 година во селото Панчарево, Пехчево. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Јовановски со повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги остави неизбришлив придонес на македонската филмска, телевизиска и театарска сцена. Дел од неговите незаборавни улоги ги одигра во „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Деца на сонцето“ и многу други.
За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
Вечна слава!