ФОТО + ВИДЕО: 20 години по смртта на Дражен Петровиќ

Со само 15 години ја започна својата сениорска кариера, во тимот на Шибеник, за подоцна да освои кошаркарскиот свет. Гражен Петровиќ, можеби најдобриот европски кошаркарна сите времиња!

„Има едно момче во Шибеник кое ќе биде подобро од сите нас. Детето е со вроден талент, со желба за работа, амбициозно е, и неверојатно добро владее со топката. Се вика Дражен Петровиќ. Запомнете го тоа име“, изјави една од кошаркарските легенди на поранешна Југославија, Зоран Мока Славниќ, во 1979 година.

За жал, Дражен Петровиќ, веќе скоро две деценија не е меѓу нас. Замина прерано, на 28 годишна возраст, но легендата за него ќе остане засекогаш да живее на овие простори и пошироко. Еден од најдобрите кошаркари во историјата го загуби животот во сообраќајна несреќа во Јужна Германија на седми јуни 1993 година. Одлуката да вози од Франкфурт до Загреб, наместо да лета, беше кобна.

Еден италијански новинар го нарече кошаркарски Моцарт. Мирните раце го направија неверојатен шутер, кој рутински постигнуваше по 40 и повеќе поени во европските натпревари во 1980-тите. Никој не беше рамнодушен на неговите влезови под кошевите, асистенции, лидерство, решителност, одлучност, храброст. Ја предводеше Цибона до две европски титули во низа во 1985 и 1986 година, а потоа стана и првиот европски играч кој беше драфтуван во американската професионална кошаркарска лига без ниту еден миг минат на вообичаените претсезонски кампови.

Дражен Петровиќ е роден на 22 октомври во 1964 година во Шибеник. На 13. годишна возраст стана играч на Шибенка, а две години подоцна дебитираше за првиот тим на тогашниот југословенски прволигаш и експресно ги импресионира тренерите со неговите перформанси. Еден од сведоците на работата на Петровиќ беше неговиот животен пријател, Невен Спахија, кој подоцна стана и негов тренер. Вели дека Дражен секое утро впо седум часот беше во сала, изведуваше по 500 удари, на тренинзите доаѓаше прв, а си одеше последен. Доминираше на многу јуниорски натпреварувања и веќе на 16 години стана најдобар млад кошаркар на поранешна СФРЈ.

Откако ја предводеше Југославија до бронзениот медал на ОИ 1984 во Лос Анџелес на адреса на Дражен Петровиќ почнаа да стигнуваат понуди од многу клубови.

Кариера во Европа

Иако за полнолетниот Дражен се бореа многу клубови од бивша Југославија, тој потпиша за Цибона, клуб во кој играше неговиот брат. Два пати ја донесе Цибона на тронот на Европа, во две сезонибеше најдобар европски играч. Потоа преминува во Шпанија, во тимот на Реал Мадрид, каде исто така беше прифатен од играчите и публиката. во тој период Дражен беше лидер на државната репрезентација со големи успеси, поведа на Светското првенство во Аргентина 1990 година, златен медал на Европското првенство во Загреб 1989 година.

НБА кариера

Феноменалните игри во Европа не ги одминаа скаутите на северно американската професионална лига во кошарка. Па така во 1990 година Дражен стана член на НБА - заигра за Portland Trail Blazers. Својот талент повторно го истакна после две години во NEw Jersey. Не само што во 1992 година беше најдобар шутер во тимот, а посебно за тројки, туку беше и најдобриот играч од Европа кој до тогаш играл во НБА.

„NBA Entertainment“ и „ESPN Films“ снимија документарец за легендарните кошаркари од поранешна Југославија, некогаш големите пријатели, србинот Владе Дивац и хрватот Дражен Петровиќ, чиј однос се залади за време на војната.

Пријателството се гради со години, а се уништува за една секунда, вели Дивац кој во документарецот збори за тоа како тој и Дражен со зедничка сила ја воделе Југославија до титулата „Светски шампиони 1990 година“ во Аргентина

Документарен филм за животот и кариерата на Дражен Петровиќ

Коментари

Популарно