18 годишната Симона Станковска е Мис на Македонија за Мис Глоуб

Симона Станковска, која има 18 години е победничка на изборот за Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб што вчера се одржа во Дојран.

mis

ФОТО: Курир

За прва придружничка беше прогласена 20-годишната Христина Тончевска од Пробиштип, а за втора придружничка беше избрана Кристина Димитријевска (17) од Тетово.

Големото финале е крај на двомесечната турнеја во која беа опфатени сите поголеми градови во Македонија.

mis1

На финалето се претставија 14 финалистки во четири излегувања.

Новата македонска убавица ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2013, а придружничките на други интернационални избори за кои модното студио Црнокрак поседува лиценци.

mis2

Како музички гости на изборот настапика Дарко Илиевски, Елвир Мекиќ и Зои Блаж, а водител на големото финале беше убавата Светлана Црнокрак.

Коментари

Популарно