Пендаровски: Да го решиме името со консензус

Претседателот откако ќе биде избран, треба да биде активен, а не да го преспие својот мандат. Треба да му служи на народот, а не да го покорува, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски на предизборниот собир во Гостивар, објаснувајќи го својот концепт како иден претседател.

Stevo-Pendarovski-1

Проблемот со името, според Пендаровски, е параван, зад кој, како што рече, се кријат три клучни системски проблеми кои ја уназадуваат државата.

- Ние сме катастрофално лоши во економијата, демографијата, на полето на човековите права и слободи. Утре да влеземе во ЕУ, НАТО и да го решиме проблемот со името, нам ќе ни останат овие проблеми кои не подјадуваат од внатре, рече Пендаровски.

Решението на проблемот со името, кандидатот за претседател на здружената опозиција го гледа во заеднички договор на сите засегнати страни, внатре во државата и за тоа да се постигне консензус.

Пендаровски ја критикуваше актуелната власт дека придонела за големата бројка на иселени лица од земјава. Во последните шест години, како што рече, повеќе луѓе ја напуштиле Македонија, отколку во периодот 1991-96, кога државата била несигурна.

Повикувајќи  на  масовност на денот изборите, Пендаровски наведе дека е време за промени и за, како што рече, „свеж ветер во политиката, а таква шанса се пружа на 13 април“.

На митингот во Гостивар Пендаровски истакна и дека прифаќа ТВ-дуел со неговиот противкандидат Ѓорѓе Иванов.

Преизборниот собир во Гостивар, наместо на градскиот плоштад, се одржа во салата на цен

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно