ФОТО: „Блиц“ со потресни детали за трагедијата во Македонија

Драган Маринковиќ (34) е пуштен од болница, откако му биле санирани полесните повреди со кои се здобил во несреќата во која животот го изгуби неговиот 8-месечен син Андрија, пишува „Блиц“.

nesreka

Таткото Драган, вчерашниот ден го поминал покрај својата сопруга Марија (30) која има тешки повреди, братот Никола (24) и до синот Матија (5).

Замотан во завои, Драган потполно изгубен лутал по ходниците на болницата, не сакајќи да разговара со никого.

Лошите вести дека неговиот брат е сеуште во критична ситуација биле претешки за да ги слушне. Болничарите се обидувале да го утешат, но залудно тој продолжувал да шета од соба во соба.

nesreka1

-Јас сум во шок, тоа е се што можам да ви кажам, прошепотел Драган кога се враќал од собата во која лежела неговата жена Марија.

Состојбата на Марија се стабилизира, а неговиот син Матија се опоравува.

Последниот извештај до некаде го охрабрил семејството Маринковиќ.

-Пријателите и роднините не охрабруваат да издржиме во овие исклучително тешки моменти. Докторите ни кажуваат дека операциите на Марија и Матија биле успешни, но не ни дозволуваат да ги посетиме. Многу сме загрижени за Никола, но веруваме дека тој ќе се разбуди од кома. Тој е млад и јак. Спортист е. Баба Дивна е скршена но е јака и верува дека сите ќе бидат добро, изјавила за Блиц.рс, Милена Маринковиќ.

nesreka2

Никола Гавриловиќ (20) кој бил повреден во “фордот“, уште денес ќе биде пуштен од болница откако во бутната коска која му била скршена му била вградена шипка.

-Сопругата е во Скопје со него. Чекаме зелено светло за да си одиме дома, изјавил Гавриловиќ.

Состојбата на патниците од „фордот“

Милица Нововиќ (19) е во стабилна состојба, а пред собата на Рајко Радојковиќ (21) за кој се смета дека ја предизвикал сообраќајката, дежура полиција.

Надеж дека Никола ќе се разбуди од кома

Семејството Маринковиќ е очајно поради состојбата на повредениот Никола, кој веќе трет ден е во кома. Сите веруваат дека Никола, кој бил активен спортист ќе излезе како победник во оваа битка.

12-годишно девојче постојано било покрај Матија

Младото девојче од Нови Сад прва разговарала со малиот Матија, која се додека не дошле докторите седела покрај него, го држела за рака и му викала дека се ќе биде во ред. Таа со своето семејство се нашла на патот каде се случила несреќата, а подоцна заедно со својата мајка го пренеле малото бебе Андрија до болницата, каде починало, пишува „Блиц“.

Лекарите доцнеле на местото на несреќата?

Се проверуваат тврдењата дека Брзата помош стигнала на местото на несреќата по 25 минути, како и тврдењето дека 8-месечниот Андрија не го пренеле веднаш во болница затоа што мислеле дека е послесно повреден. Вработените во болницата ги демантираа тврдењата, иако очевидци за српските медиуми тврдат дека бебето до болницата го пренело семејство од Нови Сад.

Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Тензично во Малме пред Евровизија! Израелската претставничка предупредена да не излегува од хотелот

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот одамна пристигнаа, а повеќе од 1.000 шведски уметници побараа да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.

Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Популарно