Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје овој викенд беше дел од Балканскиот Велосипедски Фестивал во Скопје во категоријата на планински велосипедизам кој се одржуваше на Водно, со своја задача за обезбедување на натпреварувачите при незгоди. Тимот за спасување на планина својата задача ја одработи крајно професионално со одлична координираност заедно со организаторите, каде целото Балканско првенство во планински велосипедизам помина во најдобар ред со мал број на интервенции од страна на Тимот за спасување на планина.
Доколку сакате подетални информaции за (ТСП ) Тимот за Спасување на Планина при Црвен Крст на Град Скопје посетете ја ФБ страната Тим за спасување на планина при Црвен Крст на град Скопје
Испратено од: Стефан