ВИДЕО: Деветгодишниот шампион кој заради Македонија одби да се бори за Германија!

Додека неговите врсници спијат со играчките под перница, малиот Кристијан Воденски на постелата има прекривка со кратенка за „ултимејт фајт“, а покрај него е шампионскиот појас. Го сонува сонот еден ден да стане УФЦ-шампион.

sampion

Има одвај 25 килограми. Сите медали и трофеи што ги има освоено за две години колку што се натпреварува веројатно тежат повеќе од него. Но, Кики не е нималку лесен противник – во 50-тина борби досега во четири спорта доживеал само четири порази. А денеска го слави одвај деветтиот роденден!

Шампион е во текводно, кик-бокс, бразилско џиу-џицу, борење, но најголем шампион е во љубовта кон својата Татковина.

„Германската кикбокс-федерација ми понуди да се борам за нив. Јас и мојот татко одлучивме дека нема да се борам за Германија. Наместо тоа, ќе чекам да наполнам 10 години и ќе чекам да настапувам само за Македонија. Исто така, решивме дека моите национални настапи во борење (слободен стил и грчко-римски стил) и бразилско џиу џицу ќе бидат под знамето на Република Македонија.“

Во овој фејсбук-статус на Кристијан од пред десетина не споменува дека на претстојното Светско првенство во кик-бокс (23 – 26 октомври) во Умаг, Хрватска, ќе настапи под македонско знаме. Пред само една недела го освои првото место на “Германскиот опен“ во бразилско џиу-џицу, најнов од неговата ризница трофеи.

За две години, има освоено 11 златни и четири сребрени медали. Во 2012, освои злато на првенството „Ли“ во текводно и сребро на германскиот шампионат во кик-бокс. Наредната година, во теквондо освои две сребра – на СП и на ЕП за деца, а две злата во кик-бокс – на на германското и на првенството на областа Рајна. Годинава само еднаш ја почувствува горчината на поразот – на шампионатот во борење на регионот Хесен.

Во сите други натпреварувања немаше конкуренција: во бразилско џиу-џицу победи на Купот на Баварија, највисоко на тронот беше и на ДГЛ-купот, на првенството на Јужна Германија, на Германскиот опен. Злато во кик-бокс освои на Купот на Средна Рајна, на германското првенство и во теквондо – на Меѓународното првенство на Германија.

„Круна“ на успесите беше победата на „НАГА“, одржана во мај, во Чикаго, САД. „НАГА“ се смета за најголем турнир во светски рамки кога е во прашање бразилско џуи-џицу. На 15 ноември, во Париз, го очекува нов „НАГА“ предизвик.

Неговиот татко Ванчо, поранешен каратист, родум од беровско Русиново, му ја всади љубовта кон спортот уште на четиригодишна возраст. Беше само прашање на време кога Кристијан ќе почне да тренира боречки вештини. На возраст од пет години прво почна да тренира теквондо, а со шест години не можеше да одолее на магијата, наречена кик-бокс. На осумгодишна возраст се обиде и во борењето и оттогаш учествува и на натпревари. Кога не е на душекот, игра шах (заради стратегија, како што вели) и трча за да се здобие со физичка кондиција.

Целото семејство Воденски што живее во Офенбах, Германија, каде што е роден Кристијан, е спортски определено, зашто и постарата сестра Мелани се занимава со боречки вештини. Само мајката Софче, по потекло од Струмица, е страстен навивач.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно