5 телефони со неверојатни камери

Кај повеќето паметни телефони камерата е само еден од додатоците кои го прават посакуван, но кај овие 5 камерата е во преден план.

Altek Leo

altek-leo-14mp-1

Произведен во 2010-та година, ова е првиот Android телефон кој имаше камера со оптички зум (3x). Освен тоа, камерата беше со резолуција од високи 14 мегапиксели, 1/2,3" CCD сензор и Xenon блиц.

Nokia 808 PureView

354332edec562e.img

Nokia ја изненади јавноста во 2012-та година со моделот 808 PureView, првиот телефон кој поседуваше задна камера со резолуција од неверојатни 41 мегапиксели. Уредот беше екстремно дебел (18 милиметри), но затоа имаше 1/1,2 инчен сензор со Carl Zeiss леќа, Xenon блиц и LED осветлување за видеа.

Oppo N1

oppo-n1-1

Освен што е огромен уред (со 5,9 инчен FullHD екран), Oppo N1 е првиот телефон со ротирачка камера - која истовремено може да биде и предна и задна камера, ротирајќи се за 206 степени. Камерата е со резолуција од 13 мегапиксели и двоен LED блиц.

HTC One (M8)

lg-g3-one-m8

Најдобриот телефон на HTC за 2014-та година ја воведе Duo камерата - две камери на задната страна со чија помош можете да правите 3D слики и да го менувате фокусот на вашите фотографии. Камерата исто така имаше резолуција од „ниски“ 4 UltraPixel-и, користејќи нова технологија на тајванскиот гигант.

Samsung Galaxy K zoom

Samsung-Galaxy-K-Zoom

Додека сите останати пробуваат да ги балансираат камерата и телефонот, Samsung го произведе Galaxy K Zoom, што повеќе наликува на фото-апарат со функција на телефон. Задната камера е со резолуција од 20,7 мегапиксели, 1/2.3" леќа, 10x оптички зум и Xenon блиц.

(ФОТО) КУРШУМ НЕ ЈА БИЕ - Нокиа спасува животи во Авганистан

Доказот дека Nokia се најиздржливите мобилни телефони на светот е пред вас.

Питер Скилман, кој е одговорен за моделот Lumia, објави слика со продупчена Lumia 520 со куршум, која спасила живот на војник во Авганистан.

Телефонот повеќе не е употреблив, но најважно е што неговото куќиште успеало да го задржи куршумот во себе и да не пробие до телото на војникот.

На новиот Самсунг S8 ќе може да се играат Нинтендо игри

Најновата верзија од најдобриот Самсунг смартфон, Galaxy S8 е навистина мала но многу моќна направа.

Доказ за моќта на овој смартфон ја докажа еден млад софтвер инженер кој на Youtube постави видео во кое тој на својот Galaxy S8 ги игра игрите наменети за Нинтендо.

Популарно