ФОТО: „Не ми исплаќаат добитен тикет од 21.500 денари“ - Еве како кладилниците ги лажат играчите

Жител на Белград не може да ги добие своите 40.000 динари (околу 21.500 денари) за својот уплатен и добитен тикет и покрај тоа што го погодил бројот на жолти картони на еден меч во англиската Премиер Лига.

tiket_thumb_medium500_261

Имено на тикетот уплатен на 3 ноември тој типувал дека намечот Кристал Палас - Сандерленд ќе има најмалку 4,5 жолти картони.

Мечот завршил со 5 жолти картони но обложувалницата Моцарт во Белград, каде што го уплатил тикетот не сака да му ги исплати парите бидејќи еден од играчите заработил два жолти картони и тоа тие го сметале како црвен картон.

Човекот се јавил и на бројот за рекламации, но ниту таму не добил никаква помош, објаснувајќи му дека кладилницата исплаќа според резултатите кои ги објавува сајтот на Премиер лигата на кој стои дека на мечот се покажани три жолти и еден црвен картон.

jedinak_thumb_medium500_261

Ова правило обложувалницата не го навела во својот правилник, но играчот, нема начин како да ги наплати парите.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно