Колку вкупно Македонци има во светот

Македонија нема прецизна база на податоци за бројот на своите иселеници и етнички Македонци кои живеат како малцинство низ други држави во светот. За гласање во странство при македонски избори се пријавуват околу 150.000 Македонци, а Агенцијата за иселеништо користи статистички податоци на земјите во кои се смета дека има значителна концентрција на етнички Македонци или иселеници, и според податоците околу 500.000 Македонци денес живеат во другите држави. Но, оваа бројка уште веднаш се смета за нерелевантна затоа што е познато дека во Грција Македонците немаат можност за етничко изјаснување, а во Бугарија и Албанија се попречувани да го остварат тоа право кое го формално имаат на располагање, но тешко или никако го остваруваат.

Да ги погледнеме енциклопедиските податоци кои зборуваат за застапеноста на Македонците во светот врз основа на цитирани научни или државни статистички документи . Географската распространетост на македонскиот народ денес е најмногу сконцентрирана во македонската етничка територија Македонија, во Европа и на Балканот, во западниот дел на Европа, северниот дел на американскиот континент и во Австралија. Според податоците, денес во светот живеат околу 3,5-4 милиони Македонци.

makedonija-zname

МАКЕДОНИЈА - Матична земја и етничка територија на македонскиот народ  е Македонија, каде што македонскиот народ е најсконцентриран. На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа етничка Македонија живеат помеѓу 2,1 и 2,3 милиони Македонци од кои најголемиот дел во Република Македонија. Етничката територија на Македонија на која Македонците живеат денес е поделена на неколку помали делови кои влегуваат во составот на 4 балкански држави. Вардарска Македонија каде се наоѓа Република Македонија, Егејска Македонија (во составот на Грција), Пиринска Македонија (во составот на Бугарија), Мала Преспа и Голо Брдо (во составот на Албанија) и областа Гора (во составот на Албанија и Косово).

Република Македонија

Република Македонија зафаќа 25.713 км² или околу 38% од етничката територија Македонија. Според последниот попис на населенито во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Под овој број се сметаат сите Македонци по националност, без разлика на нивната вероисповед.

На територијата на Република Македонија - Македонците се распространети по целата територија. Застапеноста се движи од 20% во северозападните, 55-60% во југозападните, 85-90% во средишните и 90-95% во североисточните и источните делови на државата.

Егејска Македонија

Егејска Македонија го опфаќа јужниот приморски дел на етничка Македонија, и со околу 34.356 км² опфаќа 51% од етничката македонска територија. Официјална бројка на Македонците тука воопшто не е позната бидејќи грчката држава не признава македонски народ и македонско малцинство, и на пописните списоци не постои графа Македонец. Македонската организација Виножито (политичка партија на Македонците во Грција) вели дека во Егејска Македонија живеат околу 400.000 Македонци, но немаат правна можност да се изјаснат како Македонци, а голем дел од младото македонско население се асимилира, не зборува македонски јазик бидејќи долг период тој бил забрануван од грчките власти.

Поради репресии и насилните иселувања на голем број Македонци од 1913 до 1922, и населување на грчки колонисти на нивно место етничкиот карактер на егејскиот дел на Македонија се создале големи промени во етничкиот состав на таа територија. Македонците од мнозинство (над 60%), денес се малцинство (со околу 19-20%), и се најмногу населени во западните и северозападните краишта и во близината на границата со Република Македонија. Македонците денес најмногу се населени во градовите Лерин, Воден, Костур и околните села.

0561

Пиринска Македонија

Пиринска Македонија го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија, и со своите 6.798 км² опфаќа околу 10% од територијата на областа Македонија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177.035 - 70% (1946) односно 178.862 - 63% (1955) од населението на Пиринска Македонија. Македонците се најзастапени во  јужните и југозападните делови - Петрич 85-90%, Сандански 80-85% итн. По Втората светска војна за време на Георги Димитров Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија по барање на Југославија најпрвин добила културна автономија која, подоцна, преку требало да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се припои кон тогашната Република Македонија (Југославија) како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација. По смртта на Георги Димитров (1949 година) таа обврска на Бугарија Софија ја отфрла, а оттогаш па до денес Бугарија не дозволува исполнување на основните човекови права и европски етнички стандарди за Македонците во Бугарија. Па така, на пописот во 1992 година само 10.803 граѓани на Република Бугарија можеле да се изјаснат како Македонци, а според официјални податоци пак од пописот во 2011 г., само 1.654 граѓани на Бугарија се изјасниле како Македонци. Организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден - Пирин наведуваат бројка 0д 187.000 лица - етнички Македонци во Бугарија.

Албанија

Македонците во Албанија најмногу се населени во три области: Мала Преспа, Голо Брдо и дел од областа Гора -  на околу 1.115 км². Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму засега официјален јазик е македонскиот, кој се користи во основно образование до четврто одделение. Во Мала Преспа живеат околу 6.000 Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението. Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти безуспешно се обидуваат со агитација да прикажат дека таму живее бугарско малцинство. Здруженијата на Македонците од Албанија тврди дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150.000 Македонци. Односот на Албанија кон Македонците и Македонија се гледа и од фактот дека Албанија ја нема признаено Македонија под уставното име, иако во Македонија се остваруваат сите права на етничките Албанци.

Европа

Први иселувања на Македонци се забележуваат кон крајот на XVII век, кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и политичка природа. Голема концентрација на Македонци денес има во источниот дел на Војводина, во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна. Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесеттите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесеттите години.  Големи македонски иселенички колонии има во Германија (околу 80.000), Италија, Шведска (најмногу во градовите Малме и Гетеборг), Франција, Швајцарија, Велика Британија...

САД

Македонците во САД најмногу се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атланскиот Океан и нивната бројка се движи помеѓу 100.000 и 150.000 луѓе. Голем број Македонци има во сојузните држави Њујорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија... а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија.

Канада

Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150.000 луѓе. Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион) како и во  Отава, Винздор, Квебек, Онтарио и др.

Австралија

Првите доселувања се забележуваат на почетокот , и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид...  Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија. Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии.

Медиа.мк

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

– Нашиот одбранбен буџет континуирано расте, но секоја дополнителна поддршка од нашите сојузници е добродојдена. Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на единиците на Армијата односно за нивната борбена готовност, рече Петровска.

Министерката се осврна на бројните проекти кои се реализираат со поддршка на Кралството Норвешка. Со поддршка на Кралството Норвешка, Петровска вели, земјава го изгради Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност, за кој рече, придобивки ќе имаат двете земји, но и НАТО сојузниците.

– Со ваша поддршка го изградивме Регионалниот центар за односи со јавноста кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност од кој придобивка ќе има и Македонија и Норвешка, но и нашите НАТО сојузници. Вие сте земја партнер во рамките на Балканските медицински сили чие постојано седиште е во Република Северна Македонија, рече Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Дополнително ја истакна програмата за размена на кадети како еден од поважните заеднички проекти и посочувајќи на посветеноста на Северна Македонија кон Алијансата.

– Ја видовме посветеноста што ја покажавте кон Алијансата. Ја гледаме не само воената опрема што ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10 проценти од вашата армиска структура е импресивна, истакна Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг рече овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка воопшто ја има направено за земја од Западен Балкан.

– Точно е дека 36-те лесни пешадиски возила и 40-те камиони од Норвешка кои штотуку пристигнаа во Северна Македонија ќе ги зајакнат вашите вооружени сили, но тие исто така се и доказ за нашата заедничка посветеност на поддршката на Украина и на сојузничкото одвраќање и одбрана. Всушност ова е одличен пример за тоа како треба да се врши одвраќање и одбрана преку логистичка соработка во рамките на НАТО, рече Јернберг.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во своето излагање истакна дека во Алијансата не се членува само заради придобивки и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Ѓурчиновски истакна дека земјава ја поддржала вистинската страна во војната во Украина, и како што рече, тоа го препознала Норвешка.

– Бевме конкретни и јасно детерминирани и се определивме и ја поддржавме вистинската страна во војната. Свесни бевме за одговорностите. Не се членува само заради придобивките и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Кралството точно ги воочи нашите заложби, направивме координација со ГШ и со началникот во мојата официјална посета на Норвешка и во седиштето во Брисел и како што беше истакнато ова е голем историски ден за нашите вооружени сили каде што сме сите сведоци и можеме да ги воочиме 76-те возила кои од утре ќе бидат на македонските патишта за потребите на вооружените сили, меѓутоа и за сите граѓани на нашата татковина, истакна Ѓурчиновски. 

Популарно