ВИДЕО: Еве како оваа девојка му се освети на својот дечко! ShareСе и сешто на 11.2014Погледнете како оваа девојка му се освети на својот дечко! Сигурно била многу повредена...ShareTwitter Коментирај
Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски ОстровиСпорт пред 9 часаМакедонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови. Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски, а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски. Натпреварот се игра вечерва во 20:00.ShareTwitter Коментирај
(Видео) Ова се првите финалисти на 68-то издание на ЕвровизијаЗабава пред 11 часаВчера во Малме, Шведска, се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија. На спектакуларната сцена настап имаа учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во големото финале. Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота) во 21:00. Погледнете ги настапите 10-те финалисте од првата полуфинална вечер: Србија Кипар Хрватска Словенија Португалија Ирска Украина Луксембург Литванија Финска ShareTwitter Коментирај
Инстаграм со нова интересна опција за објавување фотографии Се и сешто пред 14 часаИнстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories. Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака. -За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch. Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм. Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни. Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.ShareTwitter Коментирај
Се и сешто (Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо
Забава Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници
Балкан Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“